Американските истражители испитуваат дали авионот што се урна во Флорида во неделата почнал да се распаѓа уште додека бил во воздух, пред да удри во земјата и да експлодира. Во несреќата загинаа сите девет лица што се наоѓале во леталото, меѓу кои еден технолошки претприемач и неговото семејство, како и 20-годишен копилот. Авионот од типот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите, кога се урнал на улица на 14 километри од „Мар-а-Лаго“ – резиденцијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Би-Би-Си.
Националниот одбор за безбедност во транспортот (NTSB) вчера соопшти дека во истрагата ќе се разгледува и улогата на замрзнувањето и турбуленциите во несреќата. Потврдено е дека, кратко по полетувањето од Остин, екипажот ја известил контролата на летање дека наишле на услови за замрзнување и умерени турбуленции. „Влегуваме во област со врнежи; бараме дозвола за искачување на 37.000 стапки, доколку е можно“, изјавиле од екипажот.
Членот на NTSB, Том Чапман, изјави дека помалку од 30 секунди подоцна, авионот почнал да губи височина, а екипажот испратил повик за помош. Потоа, комуникацијата станала неразбирлива, објасни Чапман. „За жал, никој во авионот не преживеа“, додаде тој. Од NTSB напоменаа дека биле присутни замрзнување и турбуленции, но предупредија дека утврдувањето на точната причина е долг процес. Во времето на несреќата, во таа област биле пријавени и грмотевици.
WATCH: New video shows Lea jet 60 busi ess jet c ashi g ea West Palm Beach, Flo ida.
The pla e was completely disi teg ated upo impact. Numbe of casualties u k ow . https://t.co/l5JT9KEW Q
— BNO News (@BNONews) Novembe 1, 2026
Анализата на траекторијата на летот покажува дека авионот губел височина со брзина од неколку стотици стапки во секунда. На снимката од комуникацијата со контролата на летање се слуша како еден од членовите на екипажот прогласува вонредна состојба. „Летаме со преголема брзина и се спуштаме со 20.000 стапки во минута“, се слуша на снимката, проследено со зборовите: „Ќе удриме во земјата“. Приближно 35 секунди по првичниот повик за помош, беше слушната и последната порака од пилотската кабина: „Немаме повеќе време“.
Во заедничка изјава, семејствата ги објавија имињата на седумте патници: бизнисменот Адам Робинсон, неговата сопруга Хелен Шарп, нивните две деца – Ема и Чарли – како и Рејчел Рид, Чарми Фер и Анита Марија Цетина. Според медиумите, пилот бил Џефери Грегори, а копилот – Наталија Филгеирас, која се стекнала со пилотска дозвола на 17-годишна возраст.
На прес-конференција, надлежните изјавија дека остатоци од авионот биле расфрлани по спортски терени, деловни згради и станбени куќи. Тие сметаат дека ова е потенцијален доказ оти авионот почнал да се распаѓа уште пред да удри во земјата. Претседателот Трамп во неделата наутро престојувал во „Мар-а-Лаго“. Тој полетал од блискиот аеродром со претседателскиот авион „Ер форс уан“, околу еден час пред несреќата.

















