11. издание на МФФ Киненова свечено се отвора вечерва во киното „Фросина“ во МКЦ со филмот „3 недели подоцна“ на Мирослав Терзиќ.

Станува збор за истакнат српски филмски режисер и сценарист, препознатлив по своите длабоки социјални и политички драми кои обработуваат тешки општествени теми.

Неговиот најнов филм од 2026 година се работеше под работниот наслов „Екскурзија“ и претставува сурова и емотивна драма која се занимава со врсничкото насилство и тинејџерскиот суицид. Имаше светска премиера во главната натпреварувачка програма на 60. Филмски фестивал во Карлови Вари, каде ја освои престижната награда Eu opa Ci emas Label, а потоа беше прикажан и на Сараевскиот филмски фестивал.

„Голема чест е да се отвори фестивал кој слави храбар филмски јазик“. Терзиќ ијави дека сака „да ја испровоцирате публиката и филмот да не биде заборавен пет минути по проекцијата“.

На прашањето како оваа негова авторска цел се поклопува со мисијата на Киненова да прикажува филмови кои оставаат траен белег и будат општествена свест, Терзиќ вели:

„Кога велам дека сакам да ја провоцирам публиката, не мислам на провокација заради самата провокација. Повеќе ме интересира филмот малку да ја наруши сигурноста со која влегуваме во приказната, за да нè натера да се преиспитаме за сопствената позиција и одговорност. Не сакам филмови што однапред му кажуваат на гледачот што да чувствува и каков заклучок да изведе. Ако Киненова бара филмови што оставаат трага и продолжуваат да живеат во гледачот и по проекцијата, тогаш сметам дека „3 недели подоцна“ (3 Weeks Late ) природно се вклопува во таа категорија“.