Триесет и едногодишен скопјанец е лишен од слобода по пријава дека насилно ја искршил влезната врата од домот на својот чичко, влегол внатре и кршел покуќнина, а потоа физички ја нападнал и својата сестра.

Полициски службеници од СВР Скопје го привеле Р.П. (31) вчера, 9 октомври, во 11 часот на подрачјето на Гази Баба.

Според пријавата, тој ја нападнал сестра си откако таа дошла во домот на чичкото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Текстот Скопјанец приведен по пријава дека кршел во домот на чичко му и ја нападнал сестра си е превземен од МАКФАКС.