Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јо Џонг го отфрли планот на Јужна Кореја да испрати медицинска опрема во Пјонгјанг, нарекувајќи го „политичка провокација“ и кршење на суверенитетот на Северна Кореја.
Ким рече дека „непријателската природа на меѓукорејските односи“ не може да се промени и рече дека Јужна Кореја го користи планот за помош за да ја покаже својата „добра волја“, додека ја прикажува Северна Кореја како страна која одбива да соработува, објави Ројтерс.
Во мај, Јужна Кореја доби ослободување од санкциите на ОН за испраќање медицинска опрема во вредност од околу 6,8 милиони долари во болница во Пјонгјанг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.























