Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека веќе не е особено заинтересиран за договор со Иран, во време кога американските медиуми известуваат дека Пентагон подготвува опции за можни нови големи напади врз таа земја.

„Не мислам дека договорот е нешто што навистина го сакам, но тие се подготвени да ни понудат сè за да нè натераат да престанеме“, рече Трамп синоќа на предизборен собир на републиканците во Сан Антонио, Тексас.

Тој додаде дека неговиот специјален пратеник, Стив Виткоф, продолжува да работи на преговорите и „врши одлична работа“.

„Но, тие никогаш нема да имаат нуклеарно оружје“, изјави Трамп.

Изјавата на Трамп уследи по извештаите на NBC News и Axios дека неговата администрација размислува за повторно започнување на големи американски воени операции против Иран.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.