Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави во Атина дека САД и Грција почнуваат нова програма за побрза размена на антитерористички информации меѓу полициските служби на двете земји, објави „Ројтерс“.
„Воспоставуваме заедничка безбедносна програма што ќе ја зајакне размената на антитерористички информации меѓу нашите полициски служби“, рече Рубио на прес-конференција со грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис.
Рубио ја оцени Грција како силен сојузник на САД во НАТО и посочи дека земјата е изложена на безбедносни предизвици поврзани со масовната миграција и трговијата со луѓе.
Герапетритис изјави дека Грција е подготвена за соработка со САД и за поморска помош во Ормускиот Теснец, доколку биде започнат одржлив мировен процес во регионот.
Текстот САД и Грција договорија побрза размена на информации за тероризам е превземен од МАКФАКС.























