Жири-комисијата за доделувањето на наградата „Драги“ во состав: Иван Џепароски (претседател), Владимир Цветкоски (член) и Јана Михајловска (член) преку долга дискусија во третиот и последен круг на селекција одлучи да влезат пет препеви објавени од три издавачки куќи (Струшки вечери на поезијата, ПНВ публикации, Полица) кои, заедно со уште неколку други, веројатно имаат и најголем придонес во популаризација на поезијата во нашата културна средина.

Препевите се авторско дело на пет искусни преведувачи и се направени од три различни светски јазици (англиски, холандски, кинески). Делата што влегуваат во финалната селекција (подредени по азбучен ред, според првата буква од името на препејувачите):

1. Ана Пејчинова за препевот од англиски јазик на „Избрани песни“ од Радјард Киплинг, издание на „Полица“, 2024 година

2. Даниела Спироска за препевот од англиски јазик на „Песни“ од Дилан Томас, издание на „ПНВ Публикации“, 2026 година

3. Ели Пујовска за препевот од холандски јазик на „Златен венец – одбрани песни од Анеке Брасинга“, издание на „Струшки вечери на поезијата“, 2026 година

4. Игор Радев за препевот од кинески јазик на „Безначајни песни“ од Шји Чуан, издание на „Струшки вечери на поезијата“, 2026 година

5. Никола Ѓелинчески за препевот од англиски јазик на „Неред“ од Питер Мекеј, издание на „Струшки вечери на поезијата“, 2026 година

Добитникот на наградата „Драги“ за 2026 година ќе биде соопштен на денот кога се одбележуваат 75 години од раѓањето на Драги Михајловски, 16 октомври (петок), од 12 часот во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, со пригодна свеченост во чест на добитникот и номинираните.

Во истата пригода ќе биде доделена и интернационалната награда „Драги“ на проф. д-р Борислав Павловски од Хрватска, чие доаѓање во Скопје е потврдено.

Текстот Познати петте финалисти за наградата „Драги“ за 2026 година е превземен од МАКФАКС.