Малолетник од кичевското село Србица завршил во болница откако бил послужен со алкохол во угостителски објект во Кичево, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен во ОВР Кичево на 2 октомври во 23:45 часот.

Според МВР, по консумирањето алкохол, на малолетникот му се влошила здравствената состојба, по што бил пренесен во Општата болница во Кичево.

Полицијата работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што против правниот субјект и одговорното лице во угостителскиот објект ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Текстот Малолетник пиел алкохол во угостителски објект во Кичево, па завршил во болница е превземен од МАКФАКС.