Смелиот изглед на Кејт Мос беше главна тема на разговор на Модната недела во Париз, при што славната манекенка уште еднаш докажа дека нејзиниот стил и елеганција се неспорни.
Kate Moss @TOMFORD #PFW she look stunning https://t.co/0thv3YVu3F
— Meche10 (@Meche0410) October 1, 2026
Познатата манекенка се појави на ревијата на Том Форд за време на Модната недела во Париз, каде што дизајнерот ја претстави својата колекција за сезоната пролет/лето 2027 година. Иако нејзината комбинација ја отсликуваше препознатливата естетика на брендот, еден конкретен детал привлече посебно внимание.
Kate Moss Delivers Office-ready Inspiration With Sleek Sandals at the Tom Ford Spring 2027 Show https://t.co/Ie0nsCcpC8
— WWD (@wwd) September 30, 2026
За оваа пригода, Мос избра комбинација во чиј центар беше кожното здолниште, спарено со кошула.
Сепак, наместо да ја закопча на класичен начин, таа остави неколку копчиња отворени, истакнувајќи го своето деколте.
Овој ноншалантен потег му даде провокативна нота на нејзиниот изглед, а Кејт уште еднаш покажа зошто со децении важи за една од иконските фигури во светот на модата.
И покрај тоа што градот во тој момент беше преплавен со модни ѕвезди, Кејт Мос успеа да го привлече вниманието со својата едноставна, а сепак впечатлива комбинација.
Нејзиниот изглед спојуваше кожна естетика инспирирана од рок-стилот со класична кошула, при што отворениот израз на деколтето беше деталот за кој најмногу се зборуваше.
Нејзиното појавување ги воодушеви многумина, бидејќи се чинеше дека славната манекенка конечно ги оставила зад себе минатите проблеми и битките со зависноста.
Текстот (Фото/Видео) Познатата убавица од 90-тите знае како да го привлече вниманието – доволни се само неколку откопчани копчиња е превземен од МАКФАКС.























