Хејли Бибер уште еднаш го потсети светот на модата дека убавината лежи во едноставноста и дека еден црн сатенски фустан е сè што е потребно за беспрекорен изглед.

Париската недела на модата сè уште трае, а познати убавици пристигнуваат од сите страни на светот. Познатата манекенка Хејли Бибер не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан.

Хејли е позната како жена со стил и вкус, која секогаш има совршена комбинација за секоја пригода. Минимализмот во спој со впечатливо парче облека е нејзиниот препознатлив стил; како водечки трендсетер, таа никогаш не пропушта прилика да го потсети светот на убавината на ненаметливите модни парчиња – а овој пат не беше исклучок.

Таа присуствуваше на забавата по ревијата на „Saint Laurent“. За таа пригода, таа избра црн фустан од типот „слип“ (slip dress) со тенки прерамки. Стануваше збор за минималистички дизајн што ја спојуваше класичната елеганција со правиот крој, истакнувајќи ја женската убавина.

Овој впечаток беше дополнително нагласен со минималната употреба на модни додатоци, додека отворениот грб внесе доза на заводливост во целокупниот изглед.

Што се однесува до остатокот од нејзината комбинација, Хејли се одлучи за едноставност и умереност, избирајќи шминка што одговараше на оваа естетика.

Таа избра земјени тонови за да ги истакне цртите на лицето, а изгледот го надополни со мала чанта и дискретни обетки.

Текстот (Фото) Убавината лежи во едноставноста: еден црн фустан беше доволен за да се „покори“ Париз е превземен од МАКФАКС.