Џенифер Лопез привлече големо внимание за време на нејзиниот краток престој во Париз, но исто така предизвика и негативни коментари по една остра реакција.
Jennifer Lopez, 57, turns heads in a semi-sheer silver lace dress as she steps out during Paris Fashion Week https://t.co/QMvRvUowe7
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) September 29, 2026
Пејачката и актерка Џенифер Лопез знае како да направи спектакуларен влез во некоја модна престолнина. Сепак, додека фотографите ја следеа низ улиците на Париз, славната ѕвезда имаше само едно барање: да ѝ дадат малку простор.
Лопез застана за да им се обрати на фотографите кои ја следеа во обид да направат снимка, велејќи им „да престанат да се однесуваат како луди“ додека се движеше низ француската престолнина.
Овој момент се случи по нејзиното пристигнување на Париската недела на модата, по неколкуте дена поминати во Милано.
„Смирете се, никој не бега; не правиме ништо“, рече луто Џеј Ло.
Нејзиното пристигнување во Париз беше, како и секогаш, во голем стил.
Латино дивата (57) се појави во свилен бел „слип“ фустан украсен со впечатливи цветни мотиви од тантела – комбинација која, според сè судејќи, беше креација на „Диор“.
Фустанот имаше лежерна силуета, во контраст со некои од многу погламурозните изданија што ги носеше претходно тој месец.
Таа го искомбинира белиот фустан со црни кожни мокасини и долги бели чорапи, додавајќи preppy нота на романтичниот изглед. Црната ватирана чанта „Lady Dior“ послужи како уште еден класичен детаљ. Лопез го комплетираше изгледот со слоеви накит од злато, дијаманти и бисери, додека големите црни очила за сонце му дадоа препознатлив печат на целиот стајлинг.
Фановите имаа поделени мислења, а некои остро го критикуваа овој неконвенционален моден избор.
„Извинете, госпоѓо“, „Зошто го облече тоа?“, „Тие чевли изгледаат како чудовиште“ и „Зошто носи вреќа за компири од тантела?“ беа дел од коментарите.
Текстот (Фото/Видео) Џеј Ло им се налути на папараците, па предизвика бура од коментари: „Зошто носи вреќа за компири од тантела?“ е превземен од МАКФАКС.























