Координаторот на СДСМ во третата изборна единица, Ацо Велковски, со остар тон ја критикува Владата поради состојбата со земјоделците и откупот на земјоделските производи.

„ПРЕМИЕРЕ, МИНИСТРЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ДИРЕКТОРЕ НА ЛОТАРИЈА — ДОСТА Е!

Како што имаше 5,5 милиони за концерт, така мора да има и за земјоделците?!

Во Прилеп земјоделците се на улица, црвената пиперка е 15 денари, а нема ни откуп! Во кавадаречко вранецот не се откупува, во кочанско оризот скапува…

Обезбедете интервентен фонд од Лотарија на Македонија како што обезбедивте за концертот и исплатете ја разликата за пиперката, вранецот и оризот и сè друго што доаѓа на ред.

Така, конечно, ќе им се падне БИНГО на земјоделците!

А наместо следното „БИНГО“ да биде откуп и загарантирана цена на зелката, сигурно ќе ви текне да ја покачите и цената за 30% на огревното дрво за домаќинствата, како шлаг на сета оваа мака.

Ги уништивте земјоделците, го празните џебот на народот, а создавате ЕЛИТА за себе.

Ова мора да запре. За нашиот живот се работи!

Македонија не е држава само за ЕЛИТАТА.
Македонија е и на убавиот и скромен народ“, напиша Велковски.