Емиграцијата на младите и празнењето на семејствата стануваат една од најболните слики на македонското општество. Во емотивна порака упатена до мајките и татковците, координаторот на СДСМ во третата изборна единица, Ацо Велковски повикува на обединување и промени, независно од политичката, националната или партиската припадност.
Велковски предупредува дека родителите сè почесто се принудени своите деца и новородените внучиња да ги гледаат преку телефонски или видео повици, наместо да ги прегрнат и да бидат дел од нивниот секојдневен живот.
Во продолжение ја пренесуваме целосната порака на Ацо Велковски:
Мајки и татковци,
Доста е!
Доста е да гледаме како нашите деца ги пакуваат куферите и заминуваат во странство.
Доста е да ги гледаме нашите деца и нашите новородени внучиња само на камера, а да не можеме да ги прегрнеме и допреме.
Доста е да гледаме како ни се растураат фамилиите, како нашите деца создаваат домови далеку од нас, а нам ни остануваат празни соби, фотографии и нови странски имиња во семејството.
Доста е 35 години едни исти политичари и политички елити да ни ја кројат судбината!
Без разлика на партија, име или боја — резултатот го гледаме пред себе.
Празни села.
Празни домови.
Празни училишта.
И родители кои ги гледаат своите деца и внучиња преку телефон.
Ова мора да престане!
Време е да се обединиме — сите, од сите националности, сите родители, сите граѓани.
Не како Македонци, Албанци, Турци, Срби или Роми.
Туку како мајки и татковци.
Сите сакаме едно: нашите деца да имаат работа, достоинствен живот и причина да останат дома.
Нашите деца
се нашата иднина.
Ако и вие мислите дека е време нешто да промениме — приклучете се.
Да им покажеме дека иднината на нашите деца не смее да зависи од ниту една партија.
Нека почне од нас! ❤️























