Како изгледала ноќта на хрватскиот остров Брач додека голем пожар се ширел низ делови од островот најдобро покажува снимката објавена од „Ватрогасци 193“. На временската снимка, направена од 22 часот до утрото, се гледа како огромни пламенски јазици во текот на ноќта се шират над островот, додека пожарникарите се бореле огнот да не стигне до куќите и другите објекти.

На снимката се гледа дека пожарот во текот на ноќта зафатил големи површини во одделни делови од островот. Пламените јазици биле видливи од повеќе места на Брач, а особено тешка била состојбата во подрачјето на Милна, каде што во текот на ноќта била наредена и евакуација.

Поради сериозноста на ситуацијата, дел од жителите и туристите морале да ги напуштат своите домови и сместувања. Околу 200 лица биле згрижени во прифатни центри во Супетар и Постира.

Дел од туристите ноќта ја поминале на ривата во Милна, каде што чекале да се создадат безбедни услови за да можат да се вратат во своите домови и апартмани.

Снимката сведочи за размерите на пожарот и драматичната ноќ на Брач, додека пожарникарите со часови се бореле да го стават огнот под контрола и да ги заштитат населените места.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.