Координаторот на СДСМ во третата изборна единица, Ацо Велковски, реагираше на последните политички случувања, оценувајќи дека старите политички фигури повторно се обидуваат да го освојат „тронот“.

Велковски вели дека 30 години на функции не значат 30 години доверба, обвинувајќи ги старите политички структури дека прво ги создаваат проблемите, а потоа се претставуваат како „пожарникари“.

„Генералите повторно во трка за тронот – ама без војска. Прават пожар, па глумат пожарникари“, пишува Велковски.

Тој истакнува дека додека „старите генерали“ повторно се борат за позициите, тој оди со нешто што, како што вели, не се добива со функција – луѓе, енергија и поддршка.

„На крајот, народот е тој што одлучува… Не глумците, не старите матрици и не оние што повторно се враќаат кога ќе почувствуваат дека им се ниша тронот“, посочува Велковски.

Тој додава дека не се плаши од политичката трка и нагласува дека не го интересира „тронот“, туку иднината.

„Иднината не им припаѓа на оние што ја создадоа кризата, туку на оние што се подготвени да ја решат“, заклучува Велковски.