Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, се изрази резервирано, но не и конкретно во однос на тоа дали тој како градоначалник на Гостивар и Алијансата за Албанците ќе продолжат со коалицирањето со СДСМ.
Во емисијата „н’Подиум“ на Ora24.tv, Лимани истакна дека во минатото имале добра соработка со СДСМ, но нагласи дека соработката секогаш треба да биде взаемна и да се одвива во двете насоки.
„Ние сме имале, би рекол, коректна соработка со СДСМ, но сепак соработката секогаш треба да биде взаемна и да се одвива во двете насоки. Верувам дека секое наше дејствување, или какво било дејствување, неизбежно има и реакција. Времето ќе покаже“, изјави Лимани.
На прашањето на новинарот колку простор за соработка меѓу него и СДСМ останал по односот на опозицијата во Гостивар, Лимани одговори кратко.
„Времето најдобро ќе покаже. Не сакам да прејудицирам“, изјави градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, во емисијата „н’Подиум“ на ора24.















