Едно лице почина откако доживеа срцев удар за време на шумски пожар во јужната турска покраина Анталија, соопштија во средата локален функционер и турските медиуми. Властите се обидуваат да стават под контрола неколку пожари што избувнаа во областа оваа недела.

Началникот на округот Аксу, Иса Јилдирим, објави на социјалната мрежа Икс дека еден жител починал откако бил изложен на чад од пожарот.

Турската шумарска управа соопшти дека пожарите во округот Кумлуџа во Анталија и округот Бозјази во покраината Мерсин се во голема мера ставени под контрола, но дека напорите за нивно целосно гаснење продолжуваат.

Пожарникарите истовремено се борат со пожарите во округот Аксу во Анталија и округот Козан во покраината Адана. Во гаснењето учествуваат воздушни и копнени сили, вклучувајќи хеликоптери и авиони кои ги полеваат загрозените подрачја со вода.

Локалните жители, исто така, помагаат во гаснењето на пожарот. Според извештаите на НТВ, земјоделците користат трактори и цистерни за вода за да достават вода до погодените области.

Текстот (Видео) Трагедија за време на гасење на пожар во Анталија: едно лице загинало од чадот е превземен од МАКФАКС.