Десетти септември во астрологијата се смета за еден од најдобрите датуми во месецот за нови почетоци, бидејќи тогаш младата Месечина е во Девица. Најмногу нејзиното влијание, според астролозите, ќе го почувствуваат Девиците, Биковите и Јарците.

Девица

За Девиците ова е период за започнување нови навики, планови и промени што можат да имаат долгорочен ефект. Советот е да не се обидуваат да решат сè одеднаш, туку да напредуваат чекор по чекор. До 23 септември треба да го искористат поволниот момент.

Бик

Кај Биковите во фокус ќе бидат домот и парите. Десетти септември се смета за добар ден за решавање документација, поправки во домот или финансиски прашања. Кон крајот на месецот можно е повторно да се отворат стари прашања поврзани со пари или со личност со која имале финансиски однос.

Јарец

За Јарците средината на септември е најповолен период за работи што бараат трпение и долгорочно планирање. Кон крајот на месецот, според астролошките толкувања, можно е да добијат признание за нешто на кое долго работеле.

Меѓу другите важни датуми се 23 септември, кога Сонцето влегува во Вага и фокусот се префрла кон односите, и 26 септември, кога полната Месечина во Овен, според астрологијата, носи кулминација и разјаснување на прашања кои дотогаш биле нејасни.

Текстот Десетти септември е важен датум за три знаци: почнува период на промени е превземен од МАКФАКС.