Средбата која денеска го привлече вниманието: лидерот на граѓанското движење „Национален минимум“, Ацо Велковски, се сретна со поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Средбата доаѓа во период кога Велковски ги интензивира активностите меѓу граѓаните, претставувајќи ја платформата на „Национален минимум“ и своите идеи за подобар живот на граѓаните.

Токму затоа се отвораат низа прашања: Дали станува збор за консултативна средба или се подготвува нова форма на политичка координација?

Засега нема официјални детали за содржината на разговорот, но едно е сигурно: средбата Заев–Велковски доаѓа во исклучително интересен политички момент и може да најави нови случувања на политичката сцена.

Дали ќе следи соработка, заедничка платформа или нова иницијатива, останува да видиме во блиска иднина.