Бројот на жртви во поплавите што ги погодија Непал и Кина надмина илјада, потврдија властите. Во исто време, спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до областите што останаа изолирани поради поплави и лизгање на земјиштето.

Според Агенцијата за управување со катастрофи во Непал, во таа земја се потврдени 987 смртни случаи, а се бараат уште 3.916 лица, вклучувајќи 583 странски државјани. Кинеските власти пријавија 16 смртни случаи завчера, пишува АП.

Досега се спасени најмалку 11.814 лица. Приоритет во потрагата е да се пронајдат околу 900 работници кои се водат како исчезнати од 12 градилишта на хидроцентрали.

Се проценува дека 500 од нив се заробени во тунелите, а спасувачите се обидуваат да им обезбедат вода за пиење и воздух. Поради ризикот од ширење на инфекции, властите во округот Читван во централен Непал започнаа со привремени погреби на неидентификувани тела.

Текстот Над 1000 жртви во катастрофалните поплави во Непал и Кина е превземен од МАКФАКС.