Објавен е апел за собирање финансиска помош за Гордана Мирческа, која се бори со карцином. Средствата се потребни за продолжување на лекувањето, медицински испитувања и други трошоци што таа, како невработена, не може сама да ги обезбеди.
Донации може да се направат со повик на бројот 143506 за корисниците на А1 и на 143139 за корисниците на Македонски телеком. Контакт-телефонот е +389 75 611 340.


















