Тригодишно девојче со тешки повреди здобиени во лиф во зграда во Радишани е пренесено во болница.
Според информациите на МВР, вчера Е.З.(30) од Скопје пријавила дека на 22 август околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Текстот Тешко повредено тригодишно дете во лифт во Радишани е превземен од МАКФАКС.















