Screenshot

Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски, преку објава на својот Фејсбук-профил ја коментира рано започнатата предизборна сезона во Македонија, политичките ветувања за зголемување на платите и растот на трошоците за живот. Во својата објава, Велковски прави споредба меѓу најавените плати и вредноста на потрошувачката кошничка, критикувајќи ја политичката елита и повикувајќи на, како што наведува, национално обединување и заеднички „Национален минимум“.

Во продолжение, објавата на Ацо Велковски ја пренесуваме во целост:

МАКЕДОНСКА ПОЛИТИЧКА МАТЕМАТИКА

420 + 600 -1130 =?????

Во Македонија многу рано почна предизборната сезона, а со неа и покажување на мускулите напумпани со воздух во новогодишен балон и омилената 35 годишна дисциплина на политичарите: математика без калкулатор.

Власта одвај дава „Минимална плата — 420 евра!“
Останатите ќе давале 600 евра!
А пазарната кошничка изнесува 1.130 евра 🛒

И сега сите гледаме во бројките како ученици пред табла:

420 + 600 – 1.130 = ?

Одговорот очигледно е:
„Ќе кажеме по избори.“

И повторно народот едвај да преживува, повторно лажни инвестиции, патриотизам, по некој меѓу етнички инцидент, јазик и идентитет, повторно блокади, влез во европска унија, театарски престави со погаѓање кој глумец повеќе украл и кој повеќе тендери земал и така………

Останавме НЕСТАБИЛЕН БАЛКАН.

Срамно и безобразно е ова што се прави со нашите граѓани, а од друга страна контата на политичката елитата се зголемува со убави проценти кои не живеат од плата.

Ако економијата и математиката продолжи вака, наскоро ќе имаме нова мерна единица:

1 политичко евро = 2 граѓански евра.

Затоа, после 35 години манипулации и лаги ни треба НАЦИОНАЛНО ОБЕДИНУВАЊЕ низ целиот свет, ни треба убав живот, а не ропство и понижување.
Затоа ни треба заеднички „Национален минимум“, барање за една година млада власт и почетна плата од 1.200 евра.

Дали е тоа реално, храбро или научна фантастика — ќе покажат бројките.

Затоа, пред следното ветување, би било убаво некој да го праша калкулаторот дали е согласен.

Калкулаторот нема партија, ама затоа не лаже. ”