Вчера во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар на кровна конструкција на две споени куќи, сопственост на Г.К.(52) и 80-годишната Л.Ц.Т., двајцата од Скопје.

Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Текстот Пожар на кровна конструкција на две споени куќи во Козле: нема повредени е превземен од МАКФАКС.