Вчера во 16:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-село Падалиште, во село Лакавица, 29-годишниот М.В. од село Страјане, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата, М.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Текстот Тешко повреден 29-годишник од Гостиварско: изгубил контрола врз мотоциклот и паднал на коловозот е превземен од МАКФАКС.