Директорот на ЦУК, Мухамед Али најави дека наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи побрза и поефикасна комуникација со службата 112 во итни ситуации.
Апликацијата според најавеното ќе овозможи, прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот;
„Испраќање фотографии од местото на настанот; Испраќање видеа од местото на настанот; Директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации“.
Дополнително, ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата кои се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат помош.
„Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации“, истакна Али.
Текстот ЦУК: Граѓаните наскоро ќе можат да ја користат новата апликација „Where Are You“ е превземен од МАКФАКС.


















