Полицијата вчера го уапси И.Д.(28) од Неготино, поради сомнение дека на неколку локации во Неготино, со употреба на подесен алат оштетил кафемати и одзел пари од нив.

Дел од одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против И.Д. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Текстот Уапсен крадец во Неготино, обивал кафемати и ги крадел парите од нив е превземен од МАКФАКС.