Вчера во 20:00 часот во село Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 29-годишниот С.Ш. од Скопје.
Претходно, во Центарот за азил во Визбегово, тој агресивно се однесувал и се заканувал со остар предмет на едно женско лице, по што со такси возило го напуштил местото. Набргу, по преземени мерки, возилото е запрено, лицето е лишено од слобода и кај него е пронајден и одземен нож.
При преземање мерки и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека С.Ш. бил баран со судска наредба за доиздржување затворска казна од седум години и еден месец.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.
Текстот Уапсен скопјанец баран со судска наредба за доиздржување казна затвор од седум години и еден месец е превземен од МАКФАКС.













