Литванското Министерство за одбрана соопшти дека во моментов нема индикации дека Русија подготвува поголем воен напад врз балтичките земји, но предупреди дека ризикот од саботажи и хибридни закани останува висок.

Реакцијата следува по напис на британскиот весник „Гардијан“, во кој, повикувајќи се на извори, се тврди дека Русија би можела да подготвува провокации против балтичките држави или Полска.

Од Министерството наведуваат дека ваквите закани би можеле да вклучуваат подметнување пожари и напади врз критичната инфраструктура, додавајќи дека Москва со ваквата реторика се обидува да го одвлече вниманието од своите неуспеси на бојното поле и да ја намали поддршката за Украина.

Во меѓувреме, претходно и полски и латвиски претставници предупредија на можни руски хибридни провокации, вклучително и напади со дронови и операции под „лажно знаме“ насочени кон тестирање на реакцијата на НАТО.

Текстот Литванија: Нема знаци за руски напад врз Балтикот е превземен од МАКФАКС.