Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) ја обвини Украина дека дозволува транзит на дрога од Латинска Америка кон Европа во замена за пари и други услуги.
Според тврдењата на СВР, украинските власти им овозможуваат на нарко-картелите да ја користат земјата како коридор за шверц на дрога, вклучително и фентанил, а за возврат картелите помагаат во регрутирање странски платеници за украинската војска.
Во соопштението се наведува и дека пристаништата во регионот на Одеса стануваат главна транзитна точка за дрога кон Европа преку Полска, Молдавија и Романија, како и дека картелите се заинтересирани за пристап до украинскиот црн пазар на оружје.
Украина засега не се огласила по овие обвинувања.
Текстот Русија: Преку Украина се шверцува дрога кон Европа е превземен од МАКФАКС.












