Поранешниот градоначалник на Општина Лозово од редовите на СДСМ, Ацо Велковски, преку објава на својот Фејсбук-профил реагираше на најавите за брза пруга вредна 2 милијарди евра.
Во објавата, Велковски пишува:
„Брза пруга од 2 милијарди евра?
Одлично. Само има еден мал проблем…
Кога возот ќе стигне во Европа, кој ќе остане да се качи?
Младите веќе се таму. Пензионерите немаат за билет. Работниците бројат денови до плата, а политичарите веќе си резервираа место во прва класа.
До Европската Унија сакате да стигнете со 300 км/ч, а народот заглавен во сиромаштија, ниски плати и празни ветувања.
Не се влегува во Европа со бетон, шини и МЕГА корумпирани проекти со високи %
Во Европа се влегува со држава во која луѓето не бегаат од неа.
Во спротивно, ќе ја имаме најбрзата пруга во регионот… и најпразниот воз.
Патем – направете една станица на реалноста.
„Политичарите градат шини. Народот си го гради животот – во друга држава.“

















