Педесет и едногодишен маж од валандовското село Пирава се здобил со тешки телесни повреди откако врз него паднало дрво додека вршел сеча на дрва во близина на браната Водоча.
Како што информираат од МВР, на 23 јуни во 15:51 часот во СВР Струмица од Медицинскиот центар во Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Ч. (51) од село Пирава.
Според пријавеното, несреќата се случила во близина на браната Водоча, каде што мажот вршел сеча на дрва, при што врз него паднало дрво.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Текстот Дрво паднало врз 51-годишен жител на Валандовско, тешко повреден е превземен од МАКФАКС.














