Полицијата уапси 43-годишен скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско, следува соодветна пријава.
Според информациите на МВР, вчера во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено.
Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Текстот Уапсен скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско, следува соодветна пријава е превземен од МАКФАКС.














