Три лица загинале, а петмина се повредени во пукање во училиште на Филипините, соопшти филипинската полиција.

Повредените се пренесени во блиските медицински установи каде што им е укажана помош.

Инцидентот се случил во Националното средно училиште „Сан Хозе“ во градот Таклобан, во провинцијата Лејте.

Регионалната полициска управа распореди дополнителни полициски сили во училиштето за да се обезбеди безбедноста на учениците, вработените, родителите и локалната заедница.

Според полицијата, еден осомничен за нападот е уапсен, додека по вториот сè уште се трага.

Во тек е истрага за околностите што довеле до инцидентот.

Текстот Тројца загинати во пукање во училиште на Филипините е превземен од МАКФАКС.