Седум последователни земјотреси биле регистрирани утрово во Црното Море во близина на брегот на Севастопол, соопшти гувернерот Михаил Развожаев на Телеграм.
Според податоците на Кримската сеизмолошка мрежа, два од потресите биле посилни и биле почувствувани во Севастопол. Првиот се случил во 6:14 часот со магнитуда од 3,7 степени и на оддалеченост од околу 26 километри од градот, додека вториот бил во 8:48 часот со магнитуда од 4,4 степени и на околу 30 километри од Севастопол.
Развожаев изјави дека нема оштетувања на објекти во градот и апелираше граѓаните да останат смирени.
Тој додаде дека не може да се исклучи можноста за дополнителни потреси, но нагласи дека ваквата сеизмичка активност е вообичаена за регионот.
Текстот Седум последователни потреси во близина на Крим е превземен од МАКФАКС.













