Screenshot

Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје најавува концерт „Филхармонија на отворено“, кој ќе се одржи на 20 јуни, сабота, со почеток во 21:00 часот, во Градски парк.

Под диригентство на светски познатиот бугарски диригент маестро Најден Тодоров, на една сцена ќе настапат престижни музички состави од Бугарија, Република Северна Македонија и Грција. Меѓу нив се Софиската филхармонија, Филхармонијата на Република Северна Македонија, Државниот симфониски оркестар на Солун, Националната опера и балет на Република Северна Македонија, Детскиот хор „Пиколо“ и хорот на музичкото училиште во Солун.

Организаторите го најавуваат концертот како симбол на културен дијалог, пријателство и моќта на музиката да ги обединува луѓето надвор од границите и разликите.

Влезот е слободен, а посетителите можат да понесат преклопни столчиња или други подлоги.