Иднината на Европа зависи од одбраната на Украина, а најдобрата гаранција за неа е забрзаното членство на Киев во Европската Унија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на ЕУ.

Зеленски бара забрзан пат кон ЕУ
„Одбраната на Украина е клучна за иднината на Европа како слободен, обединет и мирен простор, што покажува колку е единствена сегашната ситуација“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека најважниот чекор во оваа насока би можел да биде забрзаниот пат на Украина кон членство во ЕУ.

Според него, безбедноста на Европа зависи од обезбедувањето финансирање за украинската војска, а ЕУ и „коалицијата на земјите што се подготвени“ што ја поддржуваат Украина можат да развијат финансиски инструменти токму за оваа цел.

Текстот Зеленски: Иднината на Европа зависи од одбраната на Украина е превземен од МАКФАКС.