Иако е многу ефикасна, француската пунџа не е најлесната фризура за креирање. Сепак, TikTok и неговите корисници се вклучија со своите брилијантни трикови за убавина.
Оваа фризура е претежно резервирана за формални пригоди и специјални настани како свадби, а на TikTok е скриена зад хаштагот #easyhairstyle, или во превод „едноставна фризура“, благодарение на една тиктокерка која покажа како да се усоврши француска пунџа во само неколку чекори, објавува Glamour.
Американката зад корисничкото име @emilymholland покажа едноставен туторијал кој ќе ве охрабри сами да ја пробате оваа гламурозна фризура.
Најдобро од сè – откако ќе се „навикнете“, за оваа фризура ќе ви треба само една минута. Видеото започнува со зборовите: „Ќе ви покажам трик за француска пунџа“, и токму тоа се случува!
@emilymholland #easyhairstyle #simplehairstyle #hairhac #hairstylehac #hairtrick #updo #updotutorial #frenchtwist #hairstyles #weddinghair ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show
Првиот чекор е да ја врзете косата во опавче, но не ја влечете косата до крај низ ластикот, туку создадете полупунџа. Откако ќе го направите тоа, стилизирајте го остатокот од косата за да го добиете волуменот што го сакате. Следниот чекор е косата што не е собрана во полупунџа да ја врзете во второ опавче кое ќе го „раширите“ малку за да добиете поголем волумен, а потоа да го користите за да го покриете местото каде што сте го врзале првото опавче.
Откако ќе го направите тоа, француската пунџа е готова! За да ја завршите фризурата, навлечете ги краевите под пунџата и прицврстете ја со шноли.
Текстот (Видео) Гламурозната француска фризура повеќе не е тешка за правење: совршената пунџа за една минута е превземен од МАКФАКС.












