Палењето на дипломатските автомобили — тоа е сопственост на бугарската држава, јас го доживувам како напад врз Бугарија. Ова го изјави претседателката Илијана Јотова, пренесе БГНЕС.

Денеска во Европскиот парламент ќе се дебатира за извештајот за напредокот на РС Македонија на патот кон ЕУ.

Имам сигнал од европратеници дека во последен момент во пленарната сала ќе се обидат да отстранат еден од текстовите, кој директно се однесува на работата на заедничката комисија според член 12 од Договорот за добрососедство, и на тој начин да ја обесмислат нејзината работа и нејзините заклучоци во иднина. Колку што знам, во моментов се одржуваат консултации во различните парламентарни групи. Се надевам дека моите колеги европратеници ќе успеат да кажат за вчерашниот инцидент, посочи Јотова.