СВР Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишен тетовец, осомничен дека ограбил спортска обложувалница во градот.
Според информациите од билтенот на МВР, инцидентот се случил на 8 јуни околу 2 часот по полноќ. Осомничениот влегол во обложувалницата и, заканувајќи му се на вработениот со остар предмет, одзел пари од касата и побегнал.
Само неколку часа подоцна, околу 11:30 часот истиот ден, полицијата го привела на Меѓународниот аеродром Скопје, каде што бил затекнат при обид да ја напушти државата.
Текстот Ограбил обложувалница во Тетово, уапсен на аеродромот додека се обидувал да избега од државата е превземен од МАКФАКС.













