На 13 јуни 2026 година, во периодот од 16:00 до 22:00 часот, на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети.

При контролата биле констатирани вкупно 80 прекршоци кај мотоциклистите. Од нив, 44 прекршоци се однесуваат на неносење заштитна кацига-шлем, пет за управување под дејство на алкохол, седум мерки за измината важност на сообраќајна дозвола, две мерки за измината важност на осигурителна полиса, како и 22 мерки за останати прекршоци.

Дополнително, биле преземени и 10 мерки против возачи на електрични тротинети.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.