Колумбиско-американската актерка, Софија Вергара, вели дека најголем проблем пред Светското првенство е како да одлучи кого од своето бројно семејство да поведе на натпреварите, бидејќи има ограничен број билети.

„Се водеше вистинска мала битка околу тоа кој заслужува да оди на Светското првенство, но беше забавно“, изјави Вергара.

Таа потврди дека ќе присуствува во Лос Анџелес и на финалето во близина на Њујорк, а планира да следи и уште неколку натпревари.

Вергара откри и дека неодамна разменувала пораки со Шакира, која ќе настапи на полувремето од финалето. Актерката рече дека е возбудена да го гледа нејзиниот настап и очекува уште едно спектакуларно шоу.

Покрај фудбалот, Вергара ги охрабри луѓето да разговараат со семејството и за здравствените проблеми, истакнувајќи дека спортот има моќ да ги зближува луѓето.

Текстот Софија Вергара во дилема кого да поведе на Светското првенство е превземен од МАКФАКС.