Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше, кажа Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка на СДСМ на денешната прес-конференција.

„Откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори, сега најавува дека изборите ќе бидат „многу скоро“.

Ова е уште еден доказ дека зборот на Мицкоски не вреди ништо. Кај Мицкоски се е лага.

Опозицијата нема да му биде алиби на Христијан Мицкоски ниту пак да бидеме алиби за распишување избори.

Мицковски сака да ги распише изборите предвреме за да ја скрие празната државна каса која ја испразнија со грабеж преку тендери. Но и неисполнетите ветувања пред граѓаните, катастрофалната економска состојба, растечката сиромаштија“.

Вистината, според Жерновски, е едноставна- пари нема, резултати нема, а лагите на Мицкоски, како што рече, повеќе не поминуваат.

„После 2 години власт на Мицкоски, Македонија се соочува со сериозни економски проблеми.

Граѓаните живеат полошо, животниот стандард е понизок. Во секоја област е полошо.
Платите се не го следат растот на цените. Животот станува сè поскап, сиромаштијата е зголемена за 22%.

Странските инвестиции бележат драматичен пад од над 60%, а економијата оди надолу.

Земјоделците се оставени сами, субвенциите им се намалени за 40 милиони евра, откупот е намален за 46%, најважната гранка за производство на храна – земјоделието е во целосен хаос.

Младите масовно ја напуштаат државата затоа што не гледаат перспектива.

Поддршката за Владата опаѓа, граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од нејзините неуспеси, а разочарувањето расте“.

Како што посочи Жерновски, колку повеќе растат цените, толку повеќе паѓа довербата во Мицкоски.

Следна причина, според него, е најавата за можни избори и во Србија и ова уште едно копу-пасте сценарио.

„Падна Орбан, како што предупредувавме. А по Орбан, следува Вучиќ, па Мицкоски. Тоа е редоследот. Криминалната организација паѓа.

Паѓаат како домино.
ВМРО и Мицковски објавија нови нарачани резултати од анкети. Исто како што Орбан објавуваше анкети во Унгарија – а сите знаеме каков беше резултатот на крај.
Кога нема резултати, се фалат со лажни бројки. Ист принцип, исто школо.
Избори ќе има, бидејќи Мицкоски веќе го смислил сценариото, но нема да може да се спаси себеси и својата банда која ја опустоши државата.

Граѓаните одамна гледаат дека постојат двајца Мицкоски.

Едниот ветуваше враќање на името и поништување на Преспанскиот договор, а другиот денес го нарекува ремек-дело на дипломатијата.

Едниот беше против НАТО, другиот денес се фали со членството.

Едниот водеше антиевропска кампања, другиот по европските престолнини ветува реформи и европски интеграции“.

Истото, како што оценува Жерновски се случува и со изборите.

„Додека имаше простор за нови задолжувања и трошење на народните пари, Мицкоски уверуваше дека избори нема да има.

Сега кога ја губи поддршката, кога изгубија преку 150.000 гласови, кога рејтингот на Мицковски е во слободен пад поради секојдневни лаги и неиспорачни резултати – мораат што поскоро да распишуваат избори.

Ние нема да му бидеме алиби на Мицкоски за рапишување избори“.

Текстот (Видео) Жерновски: Пари нема, резултати нема, затоа Мицкоски брза на избори е превземен од МАКФАКС.