Оваа година, Русија планира да одобри две вакцини против глиобластом, еден од најагресивните тумори на мозокот. Веста ја потврди Вероника Скворцова, директорка на Федералната медицинска и биолошка агенција (FMBA), во интервју за државната новинска агенција РИА Новости.

Скворцова објави дека се надева дека наскоро ќе дојде одобрение за првата онколошка вакцина.

„Се надевам дека во 2026 година ќе добиеме одобрение за употреба на онколошка вакцина против глиобластом. Првата ќе биде пептидната вакцина Gliopept, а до крајот на годината ќе добиеме одобрение и за mRNA вакцината против глиобластом – Gliorna“, рече таа.

Федералната медицинска и биолошка агенција објави во ноември минатата година дека претклиничките испитувања на вакцините против оваа болест се во завршна фаза.

Еден од најопасните тумори на мозокот
Глиобластомот се смета за една од најопасните форми на тумор на мозокот. Се јавува како резултат на неконтролирана делба на глијалните клетки, помошните клетки што ги опкружуваат невроните во мозокот.

Текстот Русија планира да одобри две вакцини против агресивен тумор на мозокот е превземен од МАКФАКС.