Александар Зверев конечно ја освои својата прва Гренд Слем титула, а голема поддршка му даде и неговата девојка, Софија Томала, која повторно стана центар на вниманието поради него.
Германскиот тенисер, Александар Зверев, го освои Ролан Гарос и со тоа влезе во историјата, со оглед на тоа што ова е негова прва Гренд Слем титула. Тој не можеше да ги скрие своите емоции додека го примаше трофејот, а поддршка му даде и неговата девојка, Софија Томала.
Оваа убавица повторно стана центар на вниманието, а Зверев одлучи да биде таинствен до крајот и со години не откри ниту збор за својата врска.
Софија сподели фотографии од своето момче на социјалните мрежи и не го криеше возбудувањето за титулата, па многумина повторно го пофалија германскиот модел.
Популарниот Саша ужива во љубовта со Софија, која е осум години постара од него, од 2020 година и секогаш се обидуваше да ги задржи деталите од нивната врска за себе.
„Мислам дека секогаш е многу важно за тенисерите кого имаат покрај себе. Софија е некој што ми дава мир и сигурност. Играм исклучително добро кога знам дека е со мене и се надевам дека тоа ќе продолжи следната година. Сè уште не сум ги постигнал сите мои цели“, изјави тој за едно германско списание пред неколку години.
Која е Софија Томала?
Софија е родена во Берлин и потекнува од познато семејство, нејзините родители се актерите Симоне Томала и Андре Ветерс, па самата Софија ја започна својата кариера како актерка, а подоцна стана и водителка.
Иако имаше и бурен љубовен живот, тој не може да се спореди со скандалот што го одбележа Саша Зверев кога неговата поранешна Бренда Патеа го обвини за физичко малтретирање.
Бренда истакна дека тенисерот бил многу љубоморен, а за време на таа расправија наводно ја турнал и давел. Интересно е што само неколку дена по инцидентот, тие се свршиле.
Текстот (Фото) Која е девојката на Зверев? Се заљуби во него веднаш по големиот скандал е превземен од МАКФАКС.





















