Во првите 100 дена од конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, низ Хормушкиот теснец – една од најважните точки за глобалната поморска трговија – поминале помалку од 1000 бродови. Во нормални услови, толкав број пловила транзитираат за само една недела.

Хормушкиот теснец е морски премин на влезот во Персискиот Залив, кој ги поврзува богатите нафтени и гасни ресурси на Блискиот Исток со светските пазари преку Арапското Море и Индискиот Океан. Пред 28 февруари, кога САД и Израел започнаа напади врз Иран, а Техеран возврати, низ теснецот се одвивале 20% од светската дневна трговија со нафта и LNG, како и една третина од глобалната трговија со ѓубрива.

Според податоците на UNCTAD, пред војната дневно минувале околу 129 пловила, близу историскиот просек од 138. Но од почетокот на конфликтот до денес, бројот паднал за повеќе од 90%. Вкупно се регистрирани 988 комерцијални бродови, од кои само 84 контејнерски. На 100-от ден од војната, теснецот го минале едвај 10 пловила.

Фото: ЕПА

Текстот Сообраќајот низ Хормушкиот теснесц падна за повеќе од 90% од почетокот на војната е превземен од МАКФАКС.