Шерон Стоун неодамна ја откри причината зошто го завршила својот втор брак. Како што вели, тоа искуство оставило длабок белег во нејзиниот живот.
Легендарната актерка Шерон Стоун неодамна беше гостинка во подкастот „Лицето кое веруваше во мене“, каде што зборуваше за различни теми. Таа се осврна и на здравствениот проблем што, како што вели, ѝ го уништил бракот.
Стоун рече дека лекарите потоа откриле тумори на дојка, од кои едниот бил поголем од нејзината лева града. Тие препорачале итна билатерална мастектомија, бидејќи постоела можност тие да станат малигни тумори.
„Докторот ми рече дека ситуацијата е многу сериозна и дека во такви случаи често се покажува дека е рак“, се присети актерката. Како што вели, била подготвена да се подложи на операцијата, но реакцијата на нејзиниот сопруг во тоа време ја шокирала, пренесуваат светските медиуми.
„Тој рече дека е бесмислено и ја напуштил собата“, рече Стоун, додавајќи дека бил бесен поради можноста да ги изгуби градите. Актерката тврди дека нејзиниот сопруг не бил загрижен за нејзината здравствена состојба, туку за фактот дека операцијата на градите може да влијае на нејзиниот физички изглед.
„Докторот потоа му рече: „Да имав повеќе пациенти како неа, денес ќе беа живи повеќе жени. Треба да седнеш и да слушаш“. И му реков дека јас донесувам одлуки за моето тело, а не тој“, рекла таа, додавајќи дека тој момент го означил крајот на нивниот брак.
„Тоа беше крајот на бракот. Можеше да се почувствува во таа соба. Заврши. Тој мислеше дека сум смешна и дека носам премногу одлуки сама“, рекла Стоун.
На крајот, се покажа дека туморите не се малигни, па Стоун не морала да се подложи на билатерална мастектомија. Иако не го именувала својот поранешен сопруг, актерката била во брак со новинарот Фил Бронштајн од 1998 до 2004 година, според написите.
Текстот Шерон Стоун откри зошто нејзиниот втор брак се распадна: „Јас носам одлуки за моето тело“ е превземен од МАКФАКС.





















