Шест  лица се пренесени во болница по пожар во средно училиште во Гостивар.

Според информациите на МВР, вчера во СВР Тетово е пријавено дека околу 09:50 часот во Државно средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово настанал пожар на една кабина во машки тоалет.

Пожарот бил изгаснат од вработените со противпожарни апарати и хидранти. При гасењето, поради вдишување на чад, вработените Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и Г.М. се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово, за укажување на лекарка помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител.

 

фото/Depositphotos/илустрација

Текстот Пожар во средно училиште во Тетово, шест лица пренесени во болница е превземен од МАКФАКС.