Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје на 7 јуни, недела, со почеток во 08 часот ќе изведуваат активности за монтажа на нови семафори на булеварот „Александар Македонски“, на пешачкиот премин кај бензиската станица „Макпетрол“.

На истоимениот пешачки премин ќе бидат воведени и нови светлосни сигнали, кои од неодамна беа оштетени од сообраќајна незгода.

„Првата фаза на изведба на портална греда ќе биде од страната на влез во Скопје и сите возила ќе се пренасочат кон Клучката за Сингелиќ и Маџари. Втората фаза на изведба на порталната греда ќе биде страната излез од Скопје и сите возила ќе се пренасочат кон улицата „Благоја Стефковски“. Екипите на ЈП„Улици и патишта“ на горенаведените локации ќе постават сообраќајна опрема и сигнализација, а ќе бидат распоредени и редари. Сообраќајот во неколку часовен период ќе се одвива отежнато, но без прекини, поради тоа апелираме до граѓаните за трпение до завршување на работите согласно предвидената динамика“, велат од ЈП Улици и патишта Скопје.

фото/илустрација

Текстот Во недела ќе бидат вратени семафорите на булеварот „Александар Македонски“ е превземен од МАКФАКС.