Српскиот претседател, Александар Вучиќ, го посети иновативниот центар на компанијата Mint Future Factory во градот Џиаксинг, Кина. Таму, заедно со домаќините, беше пречекан од роботи кои зборуваа на српски јазик, а потоа го заиграа Моравачкото оро.

Вучиќ ги сподели своите впечатоци од посетата на Инстаграм.

„Во импресивниот центар за иновации Минт, видовме како интелигенцијата ја гради иднината, а радоста го движи светот. Ни покажаа сè, од склопување роботи до нивните неверојатни примени во секојдневниот живот, индустријата и забавата. Кога ги видов роботите како го играат нашето оро Моравац, сфатив дека технологијата повеќе не е само прашање на наука и машини, туку и на разбирање на традицијата и духот на еден народ“, напиша тој.

Тој додаде личен коментар на објавата: „Признавам, тие танцуваат подобро од мене, што не е мал подвиг, но за прв пат успеав да најдам некој што може да се спореди со мојата упорност на работа. Тие не бараат пауза, не се жалат на работното време и не бараат слободен викенд.“

Текстот (Видео) Роботи што играа српско оро го пречекаа Вучиќ во Кина е превземен од МАКФАКС.